контрастира св. и несв.

контрастира (св. и несв.)

Првиот глас продолжува со пеење на „контра-темата“ одн. секундарна тема, избрана за да контрастира со главната на ритмички, хармониски и мелодиски план.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Некои други примери на контрастирање на стории во себе вклучуваат звук.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Забележувам како кон нив се упатуваат коректно облечени луѓе, исполнети, кои контрастираат со другите луѓе, ослабени, со испиени лица и скромно облечени, видени дотогаш и подоцна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Величествената мермерна палата, извишена и расположена во медитеранската синевина, контрастираше со палатите на блиската, урната Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Едноставниот мебел контрастираше со барокната вегетација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го гледаше како оди гордо исправен и како живо контрастира со изгледот, синиот костум, облеката во нашето старо маало, меѓу луѓето со работнички и селски облеки, жени со разнобојни и посрмени народни носии, кои ги носеле во планинските села.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)